Симеоне има нов бек!

178

Атлетико Мадрид го комплетираше првиот трансфер летово, левиот бек Хави Галан.

Поранешниот играч на Селта ги договорил сите услови со Мадрид и наскоро ќе официјализира големiot трансфер.

Останува Атлетико и Селта да ги одработат деталите, бидејќи за услугите на Галан се побарани 15 милиони евра, а тимот од Мадрид понудил 10, но се очекува наскоро да постигнат конечен договор.

Инаку, Хави Галан минатото лето се поврзуваше со Барселона, а зад себе има солидна сезона за тим кој се бореше за опстанок.

Галан има 28 години, а пред Селта играше во Шпанија за Хуеска, Кордоба..

ПретходноДимов е нов играч на Локомотив Софија
СледноДенис Суарез се врати во Виљареал