Американскиот кошаркар Најџел Вилијамс-Гос потпиша двегодишен договор со Олимпијакос. За две сезони во Пиреја ќе заработи 2.100.000 евра.
Гос по две години се раздели со Реал Мадрид, а веќе е најавено дека ќе се врати во црвено-белиот тим од Грција за кого настапуваше во сезоната 2018/2019.
Во текот на минатата сезона во Реал имаше просек од 7,4 поени на 26 натпревари во Евролигата, но ја одигра една од најважните улоги во плеј-офот на ова натпреварување.
Олимпијакос веќе го официјализираше враќањето на Никола Милутинов, кој по три години во ЦСКА исто така се враќа во Пиреја.
✍🏽 Η ΚΑΕ Ολυμπιακός ανακοινώνει την απόκτηση του @NigelWG5 . #OlympiacosBC #WeAreOlympiacos #TogetherWeFighthttps://t.co/lHOpIsgm1V
— OLYMPIACOS BC (@Olympiacos_BC) June 28, 2023