Менаџерот на Мане стави крај на сите дилеми околу Саудиска Арабија!

295

Агентот на Садио Мане, Бакари Сисе, официјално изјави дека фудбалерот останува во неговиот сегашен клуб Баерн Минхен и не размислува за трансфер во Саудиска Арабија.

„Не сум слушнал за понуди од Саудиска Арабија. Нема сомнеж дека ќе остане во Баерн. Тој потпиша договор на три години. Помина една, му остануваат уште две. Така да, засега останува во Баерн“, беа зборовите на Сисе.

Садио Мане минатото лето се пресели во Баерн (Минхен) од Ливерпул и има договор со клубот до 2025. Според порталот Трансфермаркт, фудбалерот моментално е проценет на 32 милиони евра.

ПретходноНесторовски заминува во Венеција
СледноМиовски се појави на прозивката во Абердин