Челзи го продаде Менди во Ал Ахли за 20 милиони евра

354

Фудбалскиот клуб Челзи попладнево потврди дека досегашниот голман на лондонскиот клуб, Едуард Менди, кариерата ќе ја продолжи во Ал Ахли.

Клубот од Саудиска Арабија наводно платил отштета за сенегалскиот репрезентативец од околу 20 милиони евра.

Челзи му се заблагодари на Менди за се што направи за клубот, особено за освојувањето на Лигата на шампионите во 2021 година. Менди (31) е член на „сините“ од 2020 година, а претходно играше за Рен, Ремс, Марсеј и Шербур. Минатата сезона бранеше на 12 натпревари за лондонскиот клуб.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Арсенал го претстави Каи Хаверц
СледноОФИЦИЈАЛНО: Тотенхем за 40 милиони фунти го купи Медисон