И официјално Најџел Вилијамс-Гос се врати во Олимпијакос!

105

Американскиот кошаркар Најџел Вилијамс-Гос потпиша двегодишен договор со Олимпијакос. За две сезони во Пиреја ќе заработи 2.100.000 евра.

Гос по две години се раздели со Реал Мадрид, а веќе е најавено дека ќе се врати во црвено-белиот тим од Грција за кого настапуваше во сезоната 2018/2019.

Во текот на минатата сезона во Реал имаше просек од 7,4 поени на 26 натпревари во Евролигата, но ја одигра една од најважните улоги во плеј-офот на ова натпреварување.

Олимпијакос веќе го официјализираше враќањето на Никола Милутинов, кој по три години во ЦСКА исто така се враќа во Пиреја.

ПретходноНова трагедија во светот на спортот: Се удави поранешен играч на НФЛ!
СледноПознати се сите детали за меморијалот „Миле Нешкоски“