Попладнево во Скопје и екипата на Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона 2023/24. Шефот на стручниот штаб Милан Илиевски во клупската база заедно со своите помошници го имаше првиот собир и тренинг.
Според планираната програма, првиот дел од подготовките Работнички ќе го реализира во Скопје, а од 16 јули ќе замине во Словенија, каде ќе одигра четири пријателски натпревари.