Како што дознава Спортмедиа, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, летово ќе прави трансфер во тимот на Венеција. Членот на Серија Б отворено има амбиција да го донесе напаѓачот во своите редови, а и популарниот Нестор не би имал ништо против да има ваков развој на настаните.
Имено, Венеција и Удине, градот каде што во моментов живее Несторовски, и настапува за Удинезе се многу блиску еден до друг, што значи дека нашиот интернационалец и не би требал никаде да замине. Само би го сменил клубот. Тоа во оваа фаза од неговата кариера, но и приватен живот, е многу битен момент па затоа Венеција е во моментов прва опција и своевиден фаворит како следен клуб на Нестор.
Венеција би била трет клуб во Италија за Несторовски откако веќе беше дел од Палерно и Удинезе. Претходно настапуваше и за домашните Победа односно Металург, како и за екипите на Словачко, Викторија Жишков односно Интер Запрешиќ.