Пелистер со новиот стручен штаб ги почна подготовките

461

Македонскиот второлигаш Пелистер означи старт на подготовките за идната сезона. Има комплетно нов стручен штаб, тренер е Влатко Костов, а на местото на Горан Ганчев прв помошник ќе му биде Вангел Алтипармаковски, Сашо Петровски ќе го завземи местото на Горан Пашовски, а промени нема само на местото фитнес тренер каде останува Сашо Велјановски.
Пелистер го напуштија Драгарски, Китановски, Фазлиу и Мустафов. Засега има три нови имиња и двајца од младинскиот погон. Освен напаѓачот Симеон Христов, нови имиња се Дебрешлиоски и Јошески од Караорман. Од младинскиот тим меѓу сениорите се приклучија Силјановски, Крстевски и Димовски.

Најверојатно нови играчи на битолската екипа ќе бидат и Јорданчо Наумоски (28 г.), Лука Трајкоски (23 г.) од Победа и Даниел Карчески (31 г.) од Тиквеш, како и Марјан Алтипармаковски (31 г.) од Брегалница.

ПретходноБрегалница го врати младинскиот репрезентативен голман Новаков
СледноПикси за секс-скандалот на СП: „Не ни се случува тоа прв пат“