Пикси за секс-скандалот на СП: „Не ни се случува тоа прв пат“

1665

Србија на СП во Катар заврши на последното место во групата. Фрчеа критики за играта, за атмосферата, за односот на фудбалерите на Мундијалот, за нивна меѓусебна пресметка поради секс-афера. Во главна улога била сопругата на еден од репрезентативците која наводно имала афера со друг играч. Се зборувало и за друг љубовен триаголник во кој бил вклучен еден од голманите, а селекторот Драган Стојковиќ Пикси ги прокоментира овие гласини кои ги полнеа весниците за време на СП.
Сето тоа беше фарса, измислена афера. Се е тоа нормално. Да победувавме, такво нешто немаше да се пишува. Не ни е прв пат да ни се случува ова, исто такво им се случуваше и на Англичаните и на Французите во Јужна Африка.
Има милион проблеми, меѓутоа не можете да влијаете на тоа. Пробувате да ја задржите атмосферата и позитивниот дух. Инаку, однесувањето на играчите, стручниот штаб беше одлично и тие кои беа во Катар можеа да го видат тоа.
Е сега, како тоа новинарите ќе го пренесат и медиумите ќе го прикажат е друга работа. Ми доаѓа човек и ми вели „што бараат тие жени во хотелот“. Кои жени, за што зборувате? Дојде сопругата на Митровиќ со синот, поседоа еден час и си замина. Имаше две или три сопруги и толку“, изјави српскиот селектор.

Не можеше да се влезе во нашиот хотел, бевме изолирани. Организацијата беше перфектна, однесувањето на играчите исто така перфектно. Да го победевме Камерун ќе ни зборуваа „Браво мајстори“. Вака мора да ги трпиме тие удари.
А се заштитив себе си од такви работи. Кога слетавме во Катар со исклучив мобилниот телефон и го фрлив. Иако имаше многу лажги, моравме да ги истрпиме тие удари. Јасно ми е мене тоа, тоа е составен дел од СП“, додаде Пикси.

ПретходноПелистер со новиот стручен штаб ги почна подготовките
СледноНестварен резултат на кошаркарско СП: Шпанија – Либан 102:20