Серхио Рамос сака повторно да заигра за Севиља. Рамос е дете на Севиља од кадево 2005 година нашрави трансфер во Реал (М) каде помина најголем дел од кариерата и доживеа светска слава.
Според радиото Кадена СЕР, дефанзивецот треба да му се приклучи на клубот ова лето и таму да ја заврши кариерата. 37-годишниот Шпанец сега е слободен агент.
Во исто време, Севиља се уште не потврдила дали планира да склучи договор со Рамос. За тоа во моментов имаспортски и економски причини. Ваквиот трансфер може да предизвика незадоволство и кај навивачите кои не се расположени да го видат Рамос назад во тимот.
Дефанзивецот последните две години ги помина во ПСЖ.