Се чини дека Саудијците се откажаа од обидот да го доведат Марсело Брозовиќ. Како што пренесуваат неколку италијански медиуми, претставниците на Ал Наср останале шокирани кога Брозовиќ им побарал поголема плата од таа што му ја понудиле. Понудата била 20 милиони евра по сезона, а Брозовиќ барал 30. Затоа се свртеа кон други опции.
Тие веќе се во Франција, каде што преговараат со Ленс за трансферот на Секо Фофана, одличниот 28-годишен играч за врска кој беше хит во минатата сезона во Лига 1. Подготвени се да платат околу 45 милиони евра како компензација за него и да му даде плата половина од понудата на Брозовиќ.