Светски првак извршил самоубиство, откако му ја одзеле најважната награда!

571

Казахстанскиот атлетичар Владимир Седов, поранешен освојувач на златен медал на Светското првенство во кревање тегови, е пронајден мртов во село во неговата земја. Според информациите кои агенцијата „Интерфакс“ ги добила од роднина, успешниот кревач на тегови извршил самоубиство, а една од причините може да биде и одземањето на најважната награда во кариерата.

Во 2009 година Седов освои златен медал на Светското првенство во кревање тегови, но во 2019 година беше донесена одлука тој резултат да биде поништен. Тој беше позитивен на допинг тест во 2016 година, а сите резултати што ги постигна во периодот од 2008 до 2016 година беа поништени.

Смртта на светскиот шампион ја објави и федерацијата во која тој беше дел со години. „Претходната вечер почина искусниот кревач на тегови Владимир Седов. Почесниот мајстор на спортот на Република Казахстан, учесник на Олимписките игри во 2008 година, повеќекратниот шампион и рекордер на Казахстан, Владимир Седов од детството е посветен на спортот, а му беше доделен посебен орден за истакнати спортски достигнувања“, се вели во соопштението на федерацијата.

ПретходноАрсенал не се откажува, испрати нова рекордна понуда за Рајс!
СледноСаудијците се откажаа од Брозовиќ, се свртеа кон играч на Ленс!