Финалните дуели во Конференциската лига во 2024 и 2025 година во Атина и Вроцлав!

99

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска и официјално донесе одлука за местата на кои ќе се играат сведните две финалниња од натпреварите во УЕФА Конференциската лига.

Според информацијата пласирана во јавноста, завршниот меч од следната сезона на Конференциската лига ќе се одигра во Грција. Место на големиот настан ќе биде Атина и стадионот „Агиа Софиа“ на кој настапува локалниот фудбалски клуб АЕК.

Финалето од истото ова натпреварување во 2025 година се сели во Полска. Организацијата на завршниот меч во битка за трофејот во ова трето по ранг европско клупско натпреварување му е доверена на градот Вроцлав и „Тарчински“ Арената која беше отворена во 2011 година.

ПретходноЛефкоски и следната сезона во дресот на Гостивар
СледноМарсеј договори играч на Атлетико