Во вториот натпреварувачки ден од турнирот во Гевгелија, кошаркарската репрезентација за играчи до 18 години славеше против соодветната селекција на Црна Гора со 70:67. Во доста изедначен меч, со голем број на промени во водството, по 40 минути игра нашата репрезентација на крајот имаше причина за задоволство.
Утре попладне, во истиот термин, од 17 часот, Македонија игра против репрезентацијата на Израел. Вечерва се игра и вториот меч од вториот ден на турнирот во Гевгелија се среќаваат Грција и Израел.