Доаѓањето на Џејмс Медисон во Тотенхем е завршена работа, ова се информации од повеќе извори.
Фабрицио Романо истакнува дека е постигнат вербален договор со играчот на Лестер, разјаснети се личните услови и детали и дека се е подготвено за финалната фаза на трансферот од нешто повеќе од 45.000.000 евра.
„Скај спорт“ продолжува со информацијата дека Медисон пристигнал во Лондон на лекарски прегледи пред и официјално да потпише со Тотенхем.
Англискиот репрезентативец Медисон настапува за Лестер од 2018 година. За Лестер постигна 55 голови и 41 асистенција на преку 200 натпревари. Во претходната сезона во Премиер-лигата тој постигна 10 голови и асистираше девет пати на 30 натпревари.
Со „лисиците“ го освои ФА Купот во 2021 година.
Со испаѓањето во Премиер-лига, Лестер веќе не можеше да ја бара цифрата од 60 милиони евра, додека самиот играч изрази желба за нови предизвици, па трансферот во Тотенхем беше неизбежен.