Aко Германија одигра лошо против Јапонија и Франција, Флик ќе добие отказ

175

„Спорт Билд“ информира дека Ханси Флик, селекторот на германската репрентација ќе добие отказ во случај на лоши резултати против Јапонија и Франција во септември. По слабиот настап на Германија на Мундијалот во Катар кога беа елиминирани уште во групната фаза, како и лошиот настап во пријателските мечеви во кои победи на еден од вкупно пет (последните два ги загуби од Полска и Колумбија), Флик има последна шанса за поправен во септември кога Германија ќе игра со Јапонија и Франција исто така пријателски.
Германија како домаќин на ЕП 2024 моментално има недостиг на квалитетни дефанзивци, посебно на страничните позиции како и напаѓач од светска класа. Флик испробува млади фудбалери меѓутоа засега тоа не му успева.
Спортскиот директор на националниот тим Руди Фелер ќе побара помош во барањето на талентирани германски играчи, а за позицијата конкурираат Сами Кедира и Пер Мертезакер.

ПретходноЈуниорите славеа против Црна Гора на турнирот во Гевгелија
СледноОФИЦИЈАЛНО: Арсенал го претстави Каи Хаверц