Македонскиот прволигаш Брегалница продолжува со засилувања на своите редои, а во своите редови го врати и младиот голман Кире Новаков кој доаѓа од словенечкиот прволигаш Триглав.
19-годишниот Новаков кој е младински македонски репрезентативец, е дете на Брегалница, а на 14 години се пресели во младинската школа на НК Крањ во Словенија од каде продолжи во Триглав Крањ.
Сега со акумулирано искуство се враќа во Брегалница.
Претходно штипскиот клуб ги објави трансферите на дефанзивецот Самал Дикенс, напаѓачот Фабрицио Ванегас, голманот Мартин Давков и бекот Ване Јованов.