Има договор: Рајс за рекордни 105 милиони фунти ќе се пресели во Арсенал!

326

Арсенал е многу блиску до потпишување на договор со играчот од средниот ред на Вест Хем и англиската репрезентација, Деклан Рајс. Веста вечерва ја потврди и „Скај Спортс“, напоменувајќи дека Вест хем ја прифатил рекордната понуда која „топчиите“ ја испратиле за Рајс.

Според информациите, Арсенал очекува зделката да биде затворена во рок од два дена. Во моментов има договир и нема сомнеж дека Рајс кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.

Вест Хем одбил рекордна понуда за Деклан од Арсенал во висина од 105 милиони фунти во чии рамки влегуваат и бонусите. Ако зделката биде завршена, таа ќе урне неколку рекорди.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Тотенхем за 40 милиони фунти го купи Медисон
СледноПорзингис и Бертанс ќе играат за Летонија на Мундобаскетот