Македонскиот репрезентативец и интернационалец Бојан Миовски денеска се појави на прозивката на својот тим Абердин, по повод стартот на новата сезона. Напаѓачот имаше пех на крајот од минатата да се повреди и тоа незгодно по бесмислен старт на еден противнички играч во кој лигаментите на неговиот зглоб страдаа дури со 80%. Сепак, на голема среќа на Миовски операција не беше потребна, затоа што лигаментот според лекарскиот тим самиот по себе зараснал.
Како што ни изјави самиот Миовски неговата рехабилитација во овој момент би требало да е при крај, па тој околу 10 јули би требало да почне да тренира заедно со остатокот од екипата.