Нестварен резултат на кошаркарско СП: Шпанија – Либан 102:20

270

Меч од Светското кошаркарко првенство за играчи до 19 години. На паркетот селекциите на Шпанија и на Либан. Резултатот историски. „Ла Фамилија“ како што Шпанците ја нарекуваат младата селекција го совлада ривалот со 102:20 (полувреме 62:6).
Никогаш претходно не се случило разлика од 82 поени. А никој пред Либан не постигнал помалку од 20 поени. Претходниот рекорд беше победата на САД над БС Коска со 88:29 во 2013 година.

ПретходноПикси за секс-скандалот на СП: „Не ни се случува тоа прв пат“
СледноПетковски повторно во Работнички