ОФИЦИЈАЛНО: Тотенхем за 40 милиони фунти го купи Медисон

176

Вечерва уште еден потврден трансфер во Премиер лигата. Она што денеска се најавуваше, вечерва доби официјализација.

Џејмс Медисон следната сезона ќе го облече дресот на Тотенхем. Играчот од средниот ред на испаднатиот Лестер потпиша договор со Спарс до 2028 година. Според „Скај Спортс“ трансферната сума која Тотенхем ја плати за Медисон е во висина од 40 милиони фунти.

Медисон беше дел од екипата на Лестер од 2018 година. Во Премиер лигата минатата сезона, англискиот репрезентативец постигна 10 гола на 30 натпревари.

ПретходноЧелзи го продаде Менди во Ал Ахли за 20 милиони евра
СледноИма договор: Рајс за рекордни 105 милиони фунти ќе се пресели во Арсенал!