Фиорентина го купува голманот на Динамо Загреб

185

Ниту Фенербахче ниту пак Манчестер Јунајтед, како што некои амбициозни медиуми лиферуваа изминатиов период, туку тимот на Фиорентина е местото каде што најверојатно ќе заврши голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ.

Веќе 28.годишниот голман, е „единица“ на Динамо долго време, а од скоро и на репрезентацијата на Хрватска па понудите за него летово очигледно не недостасуваат. Токму затоа, Фиорентина е тимот кој решава сериозно да се заангажира и да го донесе, за сума која што за европски прилики е речиси симболична. Десет милиони ерва е цената на Ливаковиќ кој години брани во добра форма, затоа е дојден до стадиум во кој може да бира каде ќе брани во иднина.

 

ПретходноУЕФА во следните две недели ќе одлучи дали Барселона ќе игра во Лигата на шампионите
СледноЛиверпул го сака Собослаи, но ќе мора да плати 70 милиони евра