Џејмс Медисон е завршена заработа – останува само официјален потпис!

1004

Доаѓањето на Џејмс Медисон во Тотенхем е завршена работа, ова се информации од повеќе извори.

Фабрицио Романо истакнува дека е постигнат вербален договор со играчот на Лестер, разјаснети се личните услови и детали и дека се е подготвено за финалната фаза на трансферот од нешто повеќе од 45.000.000 евра.

„Скај спорт“ продолжува со информацијата дека Медисон пристигнал во Лондон на лекарски прегледи пред и официјално да потпише со Тотенхем.

Англискиот репрезентативец Медисон настапува за Лестер од 2018 година. За Лестер постигна 55 голови и 41 асистенција на преку 200 натпревари. Во претходната сезона во Премиер-лигата тој постигна 10 голови и асистираше девет пати на 30 натпревари.

Со „лисиците“ го освои ФА Купот во 2021 година.

Со испаѓањето во Премиер-лига, Лестер веќе не можеше да ја бара цифрата од 60 милиони евра, додека самиот играч изрази желба за нови предизвици, па трансферот во Тотенхем беше неизбежен.

ПретходноСаудијците се откажаа од Брозовиќ, се свртеа кон играч на Ленс!
СледноМилан не застанува, повторно ќе „пазари“ во Челзи!