ПСЖ никако не успева да дојде до првата титула во Лигата на шампиони. Францускиот тим на кормилото го зема и Раул Гонзалес, творецот на шампионската генерација на Вардар, но засега ниту на шпанскиот стратег не му појде од рака во најсилното европско клупско натпреварување.
На последниот фајнл-фор, ПСЖ не влезе во финалето, а во битката за третото место беше поразен од Барселона.
Барајќи ја шампионската формула за титулата во ЛШ, Раул доведе ново засилување. Станува збор за Јакоб Холм, кој игра за данската репрезентација, кој може да одговори на левата бековска и средната бековска позиција. Данскиот ракометар потпиша договор до 2026 година.