Аргентинецот Леандро Паредес кој беше дел од „Гаучосите“ и светската титула во Катар е сериозна мета на тимот на Лацио. Во моментов членот на ПСЖ е во сериозни преговори со тимот од Рим вели трансфер гуруто, Џанлука Ди Марцио.
Паредес му се приклучи на ПСЖ од Зенит во јануари 2019 година, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Јувентус каде одигра 39 натпревари и постигна 1 гол.
Договорот на 29-годишниот фудбалер со францускиот клуб е до крајот на јуни 2024 година, а според сите нешта се чини многу веројатно тој да се врати во Серија А, овој пат со Лацио .
🚨 Lazio want to sign Leandro Paredes from PSG, who have quite low demands to let him go. 🇮🇹🤝🇦🇷
(Source: @DiMarzio) pic.twitter.com/RhR3aysPpu
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 29, 2023