Арсенал не застанува, сака и бек на Ајакс вреден 40 мил.фунти

300

Арсенал кој не успеа да ја освои шампионската титула минатата сезона во трката со Манчестер Сити е активен на трансферниот пазар и ангажманот на фудбалери. „Топчиите“ го официјализираа Каи Хаверц од Челзи (се зборува за сума од 70 милиони евра), а се очекува нивен нов играч да биде и Деклан Рајс за кого ќе платат преку 100 милиони евра.
Но клубот од Лондон нема да застане тука. Го има пикирано и дефанзивецот на Ајакс Јуриен Тимбер. Овој централен бек потекнува од академијата на Ајакс, а во 2019 година го направи дебито за првиот тим. Има и 15 настапи за Холандија.
Ајакс го проценува овој фудбалер околу 40 милиони фунти кои Арсенал треба да ги плати за да го види во своите редови.
„Топчиите“ го напуштија Пабло Мари и Ајнсли Мајтланд-Најлс, а се очекува заминување на Гранит Џака во Леверкузен, Нуно Тавареш во Галатасарај, Габриел Магаљаеш во Шпанија, Томас Парти во Ливерпул или Јувентус…

ПретходноЕвролигата со истите екипи од лани, се воведe плеј-ин
СледноКанте си купи клуб од Белгија