Барселона и официјално ја информираше шпанската фудбалска лига за нивните намери на трансфер пазарот ова лето. Клубот објави план да ангажира четворица играчи и да се раздели со шест, според новинарот Ромеро.
Поради тешката финансиска состојба, „Spotify Camp Nou“ е под постојана контрола на своето готовинско работење. Во оваа насока, раководството е во контакт со Ла Лига во обид да најде излез од кризата и да може да ги регистрира сите можни нови играчи.
Досега ова лето, Барса само го финализираше потписот на Илкај Гундоган на слободен трансфер од Манчестер Сити. Сепак, неговиот договор се уште не е регистриран.