Втора победа на турнирот во Гевгелија: По Црна Гора, јуниорите подобри и од Израел

133

Со две победи нашата кошаркарска репрезентација до 18 години го завршува настапот на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија.  По вчерашниот успех против Црна Гора, денеска, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ беа подобри и од своите врсници од Израел со 82:59.

Онаму каде што застанаа синоќа на дуелот против Црна Гора, продолжија и денеска, на натпреварот против Израел. Освен во воедните минути, првото полувреме од мечот со Израел, помина со постојана предност на нашата селекција.

На полувреме имавме позитива од девет поени (37:28), а доминацијата продолжи и во вториот дел. Стојанов беше „икс фактор“ на Македонија во третата четвртина. Можеби и најдобрата четвртина за нашата јуниорска репрезентација на турнирот во Гевгелија. Имавме пет феноменални минути во кои „црвено-жолтите“ изградија предност и од 24 поени (56:32).

Стојанов средбата ја заврши со 21 поен, Шошкиќ имаше еден помалку, додека пак Иванов застана на 17.

Претходно„Лавовите“ губеа со 3:0, па во последните 20 минути стигнаа до реми
СледноБрера Струмица на италијански погон ги почна подготовките