Се поизвесно е дека Андре Онака сегашниот голман на Интер, летово ќе се пресели на Олд Трафорд и ќе стане „единица“ на екипата на Манчестер Јунајтед.
Денешното издание на Газета Дело Спорт, вели дека Јунајтед се согласил да ја плати бараната сума од Интер за Онана која гласи 50 милиони евра плус бонуси што би стигнале некаде до 10 милиони евра.
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио е на Ибица, каде денеска и утре ќе има средба со агентот на Онана. Се очекува иднината на репрезентативецот на Камерун да стане јасна веќе викендов, па од понеделник да се комплетира еден од најголемите голмански трансфери.