Брус Браун би можел да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Лејкерс. Според информациите кои доаѓаат од Денвер, „езерџиите“ покажале голем интерес за човекот кој беше еден од Х-факторите на Нагетс за освојување на титулата.
Откако заврши сезоната, луѓето зборуваат за Браун. Денвер може да му понуди најмногу 7,8 милиони долари по сезона, додека Лејкерси би можеле да му дадат 12,3 милиони, пишува Мајк Сингер, известувач на Денвер пост. Доколку се потпише српскиот центар, Нагетс би загубиле важен играч за ротација
Браун минатата сезона имаше просек од 11,5 поени, 4,1 скока и 3,4 асистенции по натпревар. Најдобрата партија во финалната серија со Мајами ја имаше во четвртиот меч на Флорида кога постигна 21 поен. И Јокиќ и Нагетс се надеваат дека Брус ќе се предомисли и ќе се врати во тимот следната сезона, за да се обиде да ја одбрани титулата во НБА….
One team with significant interest in signing Bruce Brown away from Denver is the Los Angeles Lakers, multiple sources told @denverpost.
The Lakers could offer him the full MLE ($12.3M annually). Nuggets can only offer up to $7.8M this year.
— Mike Singer (@msinger) June 28, 2023