Евролигата со истите екипи од лани, се воведe плеј-ин

389

На денешната седница на акционери на Евролигата е утврден списокот на клубови како и форматот на натпреварувањето за наредната сезона. Кога се работи за клубовите, тука нема промени – сите 18 клубови кои играа во претходната ќе играат и наредната сезона.
Тоа значи дека учесници ќе бидат: Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Валенсија, Ефес, Фенербахче, Олимпијакос, Панатинаикос, Жалгирис, Асвел, Монако, Алба, Баерн Минхен, Виртус, Олимпија Милано, Макаби, Партизан и Црвена Звезда.
Право да игра во Евролигата се стекна Гран Канарија како освојувач на Еврокупот, но клубот се откажа поради финансиски проблеми.
Исто така Евролигата одлучи да се воведе плеј-ин систем во кој ќе се натпреваруваат екипите кои сезоната ќе ја завршат на седмото, осмото, деветтото и десеттото место. Седмиот и осмиот на табелата во еден меч ќе одлучат кој директно ќе оди во четвртфинале, а победникот од тој дуел во четвртфиналето ќе игра против второпласираната екипа.
Поразениот од тој дуел ќе се бори со победникот од дуелот меѓу деветтиот и десеттиот на табелата за останатото четвртфинално место. А таа екипа ќе игра против првопласираниот во регуларниот дел од сезоната.

Има промени и во Еврокупот. Таму место досегашните осум, во наредната рунда ќе поминат по шест најдобри од двете групи. Првите две ќе одат директно во четвртфиналето, а оние кои ќе завршат од 3. до 6. место ќе играат во осминафинале.
Во осминафинале и четвртфинале ќе се игра по еден меч, додека полуфиналето и финалето ќе се играат во два добиени натпревари. Предност на домашен терен има екипата која е подобропласирана.
Нови тимови во Евролигата се Арис, Бешикташ и Вулвс, а вкупно ќе има 20 клубови.

ПретходноЕден од најдобрите украински фудбалери ќе игра во Малезија
СледноАрсенал не застанува, сака и бек на Ајакс вреден 40 мил.фунти