Еден од најдобрите украински фудбалери ќе игра во Малезија

230

Украинскиот играч од средниот ред Јевген Конопљанка најверојатно ќе ја продолжи кариерата на Далечниот Исток поточно во малезискиот шампионат. Тој има понуда од клуб со име Терегану, а тренерот Томислав Штајнбрикнер потврди дека имало преговори меѓу агентот на играчот и претставници на клубот и дека истите оделе во добра насока. Сепак, финансиските можности на клубот ќе бидат клучни во тоа дали ќе се официјализира трансферот.

Инаку Конопљанка е слободен фудбалер откако го напушти тимот на Краков.

Терагану е четирикратен шампион на Малезија, а последната титула ја освои минатата година и тоа после пауза од 11 години.

 

ПретходноАстон Вила го договори Пау Торес
СледноЕвролигата со истите екипи од лани, се воведe плеј-ин