Македонија три места подолу на ФИФА листата

206

По двата порази во квалификациите за Европското првенство во Германија, репрезентацијата на Македонија падна за три места на ФИФА ранкингот и сега се наоѓа на 68. позиција.

Поразите од Украина на домашен терен со 2:3 односно Англија на Олд Трафорд со 7:0 секако дека оставија и тоа како голем впечаток па нормално е што е ваков развојот на настаните.

Светскиот првак Аргентина е првопласирана на ранг-листата на ФИФА, потоа следат селекциите на Франција и на Бразил, а четвртопласирана е Англија.

Во Топ 10 се и селекциите на Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и на Шпанија.

ПретходноБарајќи ја вардаровата формула за титула, Раул купи данска ѕвезда!
СледноПаредес пред трансфер во Лацио