Марио Станковски е нов напаѓач на Тиквеш

1730

Убедливо најјагилниот прволигаш во овој преоден рок, тимот на Тиквеш денеска официјализираше уште ново засилување. Екс капитенот на Работнички, Марио Станковски пристигнува во Кавадарци како дел од контингентот нови напаѓачи, заедно со Џемал Ибиши и интернационалците од Словенија односно Португалија.

Тоа значи дека тренерот Ѓоко Мојсов, за следната сезона ќе има сосема нов ешалон на крилни и шпиц играчи.

Станковски е  некогашен младински репрезентативец на Македонија, дете е на Работнички, а доаѓа од словенечкиот клуб Триглав.

 

ПретходноКевин Дурент го враќа играчот на Монако во Феникс?
СледноДанстон го напушти Ефес