Претставниците на Килијан Мбапе и ПСЖ утре ќе одржат состанок на кој ќе се решава судбината на еден од најдобрите светски фудбалери во моментов.
Според „Марка“, двете страни ќе разговараат за опциите за развој на актуелната ситуација и надминување на ќорсокакот. Интересите на напаѓачот, меѓу другите, ќе ги застапува неговата мајка и агент Фаиза Ламари, а од другата страна треба да се појави претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи .
Доколку се договорат за заминување на Мбапе ова лето, Реал Мадрид би можел да направи обид да го добие, под услов барањата на парижани да одговараат на пазарната реалност. ПСЖ најверојатно ќе му понуди на напаѓачот продолжување на договорот за 2-3 години со ветување дека ќе го продаде во Реал Мадрид во 2024 година.