Паредес пред трансфер во Лацио

220

Аргентинецот Леандро Паредес кој беше дел од „Гаучосите“ и светската титула во Катар е сериозна мета на тимот на Лацио. Во моментов членот на ПСЖ е во сериозни преговори со тимот од Рим вели трансфер гуруто, Џанлука Ди Марцио.

Паредес му се приклучи на ПСЖ од Зенит во јануари 2019 година, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Јувентус каде одигра 39 натпревари и постигна 1 гол.

Договорот на 29-годишниот фудбалер со францускиот клуб е до крајот на јуни 2024 година, а според сите нешта се чини многу веројатно тој да се врати во Серија А, овој пат со Лацио .

ПретходноМакедонија три места подолу на ФИФА листата
СледноКевин Дурент го враќа играчот на Монако во Феникс?