Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ и во следните три години ќе остане на кормилото на Хапоел од Ерусалим.
Минатата сезона српскиот стручњак го предводеше тимот до освојување на националниот куп и финалето на Лигата на шампионите.
„Се договоривме во што веруваме, кои се нашите цели и разбирање на важноста на процесот и патот по кој одиме. Јас сум посветен на сето тоа“, изјави поранешниот македонски селектор.
Џикиќ тренерската кариера ја започна во Беовук, а потоа беше асистент во Партизан и Минесота. Независно ги водеше Олимпија, Литвос Ритас, Крка, Партизан, Будуќност, Естудијантес и Хапоел.
Тој ја предводеше и селекцијата на Македонија во 2014 година.
דז׳ילה
איתנו ל-3 שנים נוספות!
לידיעה המלאה –https://t.co/0pvPYAQW8G#UnfinishedBusiness🪫 pic.twitter.com/42sXtnXxbi— Hapoel Jerusalem BC (@JerusalemBasket) June 28, 2023