По УЕФА, Италијанците го казнија Мурињо!

322

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Серија А, бидејќи Италијанската фудбалска федерација му изрече десетдневна суспензија поради навреда на судија.

Мурињо беше казнет од дисциплинската комисија на ФИГЦ бидејќи изјави дека Данијеле Чифи е „најлошиот судија што го видел во кариерата“ по ремито на неговиот тим со Монца на 3 мај.

Португалскиот тренер ќе треба да плати и казна од 50.000 евра.

Минатата недела Европската фудбалска унија УЕФА го суспендираше 60-годишниот Мурињо на четири натпревари откако го навредуваше судијата Ентони Тејлор по овогодинешното финале во Лига Европа.

На 31 мај, во финалето на Лига Европа во Будимпешта, Рома беше поразена од Севиља по изведувањето пенали, а Португалецот на прес-конференцијата по натпреварот го критикуваше Тејлор, а потоа го чекаше англискиот судија на паркингот на стадионот и го навредувал.

ПретходноРамос сака да се врати во Севиља, но навивачите не го сакаат назад
СледноДенвер останува без важен играч, Лејкерси му нудат милиони!