Саудиска Арабија го прави Жезус најплатен селектор во светот

251

Жорж Жесус ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија. Според информациите, тој со ангажманот на клупата на Саудијците ќе стане и најплатениот селектор во светот.

68-годишниот стратег ќе го води тимот на Саудиска Арабија откако во наредните денови ќе потпише договор до СП 2026 година. За секоја година помината на кормилото Португалецот ќе заработува по 10 милиони евра.

Засега најплатен селектор на репрезентацијата е Ханс Дитер Флик кој на кормилото на Германците добива плата од 6,5 милиони евра годишно.

ПретходноМбапе и ПСЖ утре на маса: Нов договор, па трансфер во Реал!
СледноСе избрука пред гледачите – се спреми да забие, го промаши топчето