Саудијците со смешна понуда за Барди, Трабзон веднаш ја одбиле!

5797

Енис Барди е еден од оние играчи кои се најде на мета на тимовите во Саудиска Арабија. Според турските медиуми на адресата на Трабзонспор дошло понуда за македонскиот репрезентативец. Името на клубот од С.Арабија не се открива, но истиот бил подготвен да плати само 300.000 евра за еднагодишна позајмица на Барди.

Турскиот клуб експресно ја одби таа понуда. Барди немаше добра минутажа изминатата сезона, но под водство на Ненад Бјелица, овие работи може да се променат и македонскиот репрезентативец да остане.

Барди во Трабзон дојде ланското лето од Леванте за три милиони евра после пет години во овој шпански клуб.

Саудиска Арабија во овој момент има двајца Македонци, Дарко Велковски во редовите на Ал Етифак и Александар Трајковски во Ал Фехја, се очекува и Езџан Алиоски да се врати во Ал Ахли по позајмицата во Фенербахче.

ПретходноБарса го промовираше планот за летниот преоден рок!
СледноПоранешниот македонски селектор доби нов тригодишен договор!