Се е договорено, останува Баерн да го направи последниот потег околу трансферот на Ким!

156

Трансферот на Ким Мин-Јае од Наполи во Баерн Минхен сега се смета за обична формалност, а останува само германскиот клуб да ја активира откупната клаузула на играчот, која е во висина од 50 милиони евра, објави Фабрицио Романо.

Веќе неколку недели шампионот во Бундеслигата преговара со корејскиот дефанзивец, откако успеа да го убеди да ја одбие понудата на Манчестер Јунајтед. На крајот Ким се договори со Баварците на пет сезони за плата од 12 милиони евра.

Сега Баерн треба да ги плати овие 50 милиони евра на големо, а реално Наполи нема што да прави пошто вака се активира откупната клаузула и мислењето на клубот е неважно.

Самиот трансфер се сметаше за сигурен пред десетина дена, но работите доцнеа бидејќи дефанзивецот мораше да го пропушти тринеделниот воен рок во татковината.

ПретходноИнтер и официјално има нов тренер: „Тата“ Мартино и Меси повторно заедно!
СледноБарса го промовираше планот за летниот преоден рок!