Скандал во српската кошарка: Играчи местеле натпревари, ФИБА почна со истрага!

354

Српската кошарка ја тресе скандал. Играчи учествувале во местење на натпревари, подетални информации засега нема од тамошната федерација, српските медиуми пишаа дека дури 30 кошаркари се под сомнение дека биле дел од овој скандал.

Она што е познато дека ФИБА веднаш почнала со истрага.

„Ја информираме јавноста дека КЛС активно соработува со ФИБА со цел да се решат дисциплинските процедури во најкус можен рок и дополнително да се обезбеди интегритет на натпреварувањето. Со оглед на тоа дека дисциплинската постапка се уште е во тек, КЛС во овој момент не може да даде детали кои натпревари и кои играчи учествувале во манипулативните акции.
Подетални информации за дисциплинските постапки ќе бидат дадени по нивното завршување, со цел да се обезбеди непречено одвивање на постапката, како и презумпција на невиност на учесниците во постапката. Преку програмата SWISH на ФИБА, каде што ФИБА тесно соработува со националните федерации за да се потисне манипулацијата со натпреварувањето и да се обезбеди чист спорт, КЛС обезбедува релевантни податоци, неопходни за започнатите дисциплински постапки“, се вели во дел од соопштението. 

ПретходноПоранешниот македонски селектор доби нов тригодишен договор!
СледноБарајќи ја вардаровата формула за титула, Раул купи данска ѕвезда!