Фаулер се активира по двегодишна пауза – стана тренер на клуб од Саудиска Арабија

117

Продолжуваат преселбите на фудбалери и фудбалски работници од Европа во Саудиска Арабија. Поранешниот ас на Ливерпул, Роби Фаулер е назначен за нов тренер на клубот Ал Кадисија од градот Хубар на истокот на Саудиска Арабија.
Се работи за второлигашки клуб кој минатата сезона ја заврши на 11. позиција што е незадоволително место со оглед на амбициите на клубот.
Фаулер две години беше надвор од тренерскиот занает, а работеше како аналитичар на фудбалски натпревари. Последен клуб му беше Источен Бенгал од Индија во 2021 година, а претходно беше тренер на австралискиот Бризбејн роар и на Муантонг Јунајтед од Тајланд.

ПретходноШкупи повторно го победи Херманштад
СледноИ помалиот брат на Елмас во Наполи