Феникс го „краде“ Ирвинг од Далас и прави нов „суперстарс“ тим?

911

Кајри Ирвинг ќе биде еден од најбараните кошаркари на НБА пазарот ова лето, а Феникс Санс се меѓу клубовите кои се заинтересирани за плејмејкерот кој кусо време е дел од Далас. Според американскиот новинар Крис Хајнс, Ирвинг првенствено ќе му даде можност на својот последен клуб Далас Маверикс да даде понуда и да се обиде да го задржи во тимот, но ќе ги разгледа и сите останати понуди.

Меѓу нив се очекува да истапат Феникс Санс, чии претставници, наскоро ќе се сретнат со Ирвинг за потенцијален трансфер во нивните редови. Како заинтересирана страна се споменуваат и Хјустон Рокетс, а се дознава дека Ирвинг ќе преговара и со клубовите од Лос Анџелес.

Ирвинг има максимален договор од 272 милиони долари за пет години.

ПретходноЏејми Варди не сака во Саудиска Арабија, одбил понуда од локален прволигаш
СледноРис Џејмс почна сам да се „бори“ со гласините на Твитер