Екипата на Шкупи и втор пат го совлада Херманштад за време на подготовките во Болу спортскиот центар во Турција. Првиот меч заврши со резултат 2:1, а сега „Чаирчани“ славеа со 1:0 благодарение на автогол. Инаку романската екипа можела да стигне до изедначување во финишот меѓутоа промашила пенал.
Ова беше трет меч за Шкупи во подготвителниот период, а еднаш одигра 1:1 со Егнатија од Албанија.