Јунајтед се договори со Челзи, за Маунт ќе плати 60 мил.фунти

242

Манчестер Јунајтед се договорил со Челзи за трансферната сума за фудбалерот Мејсон Маунт, пренесува ексклузивно „Скај Спортс“. Тимот на Јунајтед ќе плати 55 милиони фунти плус уште 5 милиони во форма на бонуси или вкупната сума ќе достигне 60 милиони фунти.
Офанзивниот играч за врска, кој е дете на Челзи, ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ после 18 години односно после шест години поминати во првиот тим на „сините“. Маунт ќе стави потпис на договор до летото 2028 година, а трансферот ќе биде комплетиран претстојниот викенд.
Неофицијално според договорот ќе заработува неделна плата од 250.000 фунти.

 

ПретходноШампионот поразен од албански Партизани
Следно„Лавовите“ губеа со 3:0, па во последните 20 минути стигнаа до реми