И покрај тоа што Лестер испадна од Премиер лигата и ќе настапува во Чемпионшип дивизијата, нивниот најдобар напаѓач Џејми Варди не сака да го напушти „Кинг Пауер стадионот“ во насока на Саудиска Арабија.
Од Англија стигнуваат информации дека поранешниот англиски репрезентативец одбил милионска понуда од Ал Халиџ. Тоа е клуб кој минатата сезона заврши на 14 позиција и избегна испаѓање во понизок ранг.
Во новата сезона ривалите се засилуваат со големи ѕвезди, па и Ал Халиџ пробува да придодаде некој познат фудбалер во своите редови. Не успеаја со Варди, па ќе видиме кој ќе биде нивниот следен потег.
Инаку моментално Ал Халиџ има тим кој е комбинација од Саудијци, Бразилци и Португалци.
Дома Меѓународен фудбал Англија Џејми Варди не сака во Саудиска Арабија, одбил понуда од локален прволигаш