Интер и официјално има нов тренер: „Тата“ Мартино и Меси повторно заедно!

176

Фудбалскиот клуб Интер од Мајами потврди дека го ангажирал Херардо Тата Мартино за нов тренер.

Мартино повторно ќе соработува со Лионел Меси, кого веќе го тренираше во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина.

Аргентинскиот тренер на клупата на Мајами го замени Фил Невил, кој доби отказ пред четири недели.

Мартино веќе работеше во МЛС лигата додека ја водеше Атланта Јунајтед и во сезоната 2018 беше избран за тренер на годината.

ПретходноДенвер останува без важен играч, Лејкерси му нудат милиони!
СледноСе е договорено, останува Баерн да го направи последниот потег околу трансферот на Ким!