Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија од сабота ги зпаочнува настапите на Балканското првенство (У17) кое ќе се одржи во Врњачка Бања, Србија. Избраничките на селекторот Александар Митев, кој заедно со Стефан Пауновиќ, селекторот на А-репрезентација ќе ја предводат нашата селекција на ова првенство, веќе го добија и комплтниот распоред на првенството.
Нашата репрезентација до 17 години се најде во групата „Б“ заедно со репрезентациите на Грција, Црна Гора и Турција. Групата ќе биде исклучително квалитетна и ова ќе биде добар тест на моменталните можности на оваа генерација одбојкарки.
На премиерата во сабота од 20 часот нашите кадетки ќе се сретнат со селекцијата на Турција. Веќе следниот ден играме со Грција, додека во последното коло од групната фаза на 3 јули в понеделник ќе се сретнеме и со Црна Гора.
Првите две селекции во двете групи ќе се пласираат во полуфиналето.