Фудбалерите на Вардар вечерва официјално ги започна подготовките за новата сезона во која „црвено-црните“ се враќаат во македонската фудбалска елита. Под водство на шефот на стручниот штаб Бобан Грнчаров „вардарци“ тргнаа со тренинзи на Националната арена, каде излегоа со порака до навивачите да си купат сезонски билети, со што ќе му помогнат на клубот во финансиската стабилност за новата сезона.
„Цената на сезонскиот билет ќе изнесува симболични 1000 денари. Ги повикуваме сите Вардарци, навивачи на најголемиот македонски фудбалски клуб, да бидат спремни зошто акцијата започнува многу брзо. Сите собрани финансиски средства, ќе бидат наменети за функционирањето на клубот. Време е народот, кој во моментов преку навивачите е единствен сопственик на клубот, да си го каже своето. Од борбата за Вардар нема откажување. Полниот стадион на првиот домашен натпревар, нека биде јасна порака, дека Вардар ќе живее!“, порачаа од клубот.